(Видео) Дали Паркинсоновата болест е поврзана со употребата на пестициди?
Низ светот, се повеќе луѓе заболуваат од Паркинсонова болест. Многу од засегнатите избраа наводно здрав живот меѓу овоштарниците или лозјата во селата. Дали болеста е поврзана со употреба на пестициди?
„Го забележав тоа кога кроев рози“, вели Улрих Еликсман. Неговите раце едноставно повеќе не функционираа. Отишол на лекар, а дијагнозата била шокантна: имал Паркинсонова болест. Денес има 60 години. Пие по 13 таблети дневно, се занимава со гимнастика, работна терапија и говорна терапија. Тој се надева дека ќе ја забави прогресијата на болеста, а со тоа и симптомите како вкочанетост на лицето и зголемена неподвижност. Но, прашањата продолжуваат „да го јадат“ одвнатре: Зошто Паркинсонова болест и зошто токму тој? И, зошто се погодени и други градинари и земјоделци кои тој ги знае?
Бројот на заболени од Паркинсон е двојно зголемен од 1990-тите. Само во Германија има околу 400.000 луѓе кои се дијагностицирани со оваа болест. Истражувачите како Бас Блум од Универзитетот Радбауд во Холандија ја нарекуваат пандемија: Тие велат дека тоа е најбрзо растечката невролошка болест во светот и главно е предизвикана од фактори на животната средина. Индустриски моќните земји се особено погодени, бидејќи бројни хемикалии го пронаоѓаат својот пат до животната средина.
И покрај тоа што повеќе и повеќе студии покажуваат зголемени ризици кај земјоделските работници и градинарите, Паркинсоновата болест сè уште не се смета за професионална болест во Германија. Но, во Франција работите се поинакви. Силви Бергер е од Бордела, еден од најголемите региони за одгледување винова лоза во Европа. Таму се користат особено големи количини пестициди, а Силви Бергер, која работела во лозарството, сега боледува од Паркинсонова болест. Ако таа добива инвалидска пензија, тогаш зошто да не и градинарот Улрих Еликсман од Германија?
Да го погледнеме следното видео, каде што се говори за последиците од употреба на пестициди во земјоделството и поврзаноста со зголемениот број на случаи со Паркинсонова болест токму кај земјоделците: