(Видео) Храна 2030

(Видео) Храна 2030

Што е Храна 2030?

Храна 2030 е истражувачка и иновативна политика на ЕУ за трансформација на системите за храна, која обезбедува секој да има доволно достапна и нутритивна храна за здрав живот.

Амбицијата е да се постигне силен и одржлив систем за храна, погоден за иднината. Системите за храна, исто така, треба да обезбедат дополнителни придобивки за здравјето на луѓето, климата, планетата и заедниците.

Храна 2030 ја обезбедува политичката рамка за забрзување на оваа транзиција во безбедни планетарни граници. Тоа е во согласност и ги поддржува целите на Европскиот зелен договор, Стратегијата „Фарма до вилушка“ и Стратегијата за биоекономија.

Зошто треба да се променат системите за храна

Денешните системи за храна се неодржливи. Тие, во исто време се под влијание од, но и влијаат врз:

  • климатски промени
  • недостаток на ресурси
  • загадување и отпад
  • деградација на животната средина
  • губење на биодиверзитетот
  • пораст на популацијата
  • неухранетост и незаразни болести поврзани со исхраната

Начин на функционирање на проектот

Храна 2030 го опфаќа целиот систем за храна, поврзувајќи повеќе сектори од примарното производство со преработка на храна, малопродажба и дистрибуција, пакување, отпад и рециклирање, угостителски услуги и потрошувачка. Оваа политка се надоврзува на различни истражувачки и иновативни активности во различни области и низ различни дисциплини за да најде одговори на меѓусебно поврзани предизвици. Целта на проектот е:

  • зајакнување на кохерентноста на политиката
  • зајакнување и искористување на финансирањето и инвестициите
  • стеснување на јазот во иновациите (јазот помеѓу вистинската иновација и иновацијата што е потребна)
  • зголемување на преземањето на пазарот и општествена важност на прехранбените производи, алатки и услуги
  • да ја поддржи улогата на технологиите со иновативен концепт, новите пристапи и бизнис модели во транзицијата на системите за храна

Главни цели

Амбицијата на Храна 2030 е да постигне 4 клучни цели:

  1. Одржлив и здрав режим на исхрана
  2. Системи за храна што поддржуваат здрава планета
  3. Циркуларност и ефикасност на ресурсите
  4. Иновации и зајакнување на заедниците

 

10 насоки за постигнување на целите

Финансирањето ќе биде обезбедено од Хоризонт Европа (Horizon Europe). Ќе се концентрира на 10 области познати како насоки за акција

  1. Промени во управувањето и системите
  2. Трансформација на урбаниот систем за храна
  3. Храна од океаните и слатководните ресурси
  4. Алтернативни протеини и промена во исхраната
  5. Отпад од храна и ефикасност на ресурсите
  6. Светот на микробиомот
  7. Здрава, одржлива и персонализирана исхрана
  8. Системи за безбедност на храна во иднина
  9. Системи за храна Африка
  10. Системи и податоци за храна

Десетте насоки за акција се целосно во согласност со новото предложено партнерство за Системи за безбедна и одржлива храна за луѓето, планетата и климата – како и поддршка на целите на Мисијата: Здравје на почвата и храна.

Погледнете го следново видео кое го објаснува целиот проект:

 

Проектот „Ко-креирање на стабилни и одржливи системи на храна во согласност со FOOD2030“ (CITIES2030) со траење од четири години (2020-2024) e финансиран од Европската Унија преку програмата за истражување и иновации Хoризонт 2020. Конзорциумот на проектот CITIES2030 е составен од 41 партнер од 19 европски земји, а дел од партнерите се и македонската компанија АгФутура Технологии, како и македонското здружение Платформа за зелен развој.