Дали месото може да биде дел од здравата исхрана?

Дали месото може да биде дел од здравата исхрана?

Правилната, избалансирана и здрава исхрана претставува еден од најголемите предизвици на современиот човекот. Пирамидата на исхрана е водич за планирање на добро избалансиран оброк. Начелата на пирамидата на правилна исхрана се засноваат на рамнотежа, умереност и разновидност на дневната исхрана.

Месото спаѓа на третото ниво во хиерархијата на исхраната заедно со риба, јајца, мешункасти плодови, млеко и млечни производи. Препорачаното количество на месо е околу 70-100 г по оброк, два пати неделно.

месо

Извор: Pixaby

Месото е добар извор на макронутриените материи како протеини, јаглехидрати и масти и микронутриените материи , како минерали и витамини.

Месото и протеинска вреднсост

Во просек, месото содржи протеини со просечна вредност од 22%. Оваа вредност може да биде повисока или пониска. Повисоката вредност е застапена во пилешкото месо со 34,5% кај пилешки гради, додека пониска вредност е застапена во месото од патка со 12,3%.

Квалитетот на протеините се намалува при готвењето, но количината на протеини кои ги внесуваме може да се компензира за недостигот на квалитет. На возрасно лице му е потребна количина на протеини од 7% до 8% од вкупниот внес на енергија. На децата, бремените жени и доилките им се потребни поголеми количини на протеини. Внесот на протеини е исто така потребен во поголеми количини за време на разни здравствени состојби како настинки, скршеници или  изгореници на телото, каде постои значителна загуба на протеини.

месо

Извор: Pixaby

Витамини, минерали, масти и масни киселини во месото

Мастите и масните киселини во месото се високи, но сепак умерената употреба на месо е секогаш препорачана од лекари и нутриционисти. Содржината на маснотии во месото се движи помеѓу 8% и 20%. Составот на масни киселини и маснотии значително се разликува во месото на различни органи кај животните, како и кај преработки на месо (колбаси, шунка и сл.). Начинот на приготвување влијае врз составот на масни киселини и маснотии во месото (приготвување на месо со печењето на скара и пржење без додавање маснотии).

Месото од црниот дроб е богат извор на витамин А, витамин Б1 и никотинска киселина, како и на витамини Д и К. Исто така црниот дроб е и главен извор на јаглехидрати и содржи околу половина од вкупните јаглехидрати присутни од животинското месо.

При термичката обработка на месото витаминините Б-комплексот, вклучувајќи тиамин, рибофлавин, никотинска киселина, витамин Б6 , ги губат своите нутритивни вредности. Овие загуби се околу 15-40% со варење, 40-50% со пржење, 30-60% со печење и 50-70% со конзервирање на месото. Спротивно на тоа, витаминот А има способност да се задржи дури при термичка обработка на температура од 80 ° C.

колбаси

Извор: Pixaby

Од минерали во месото најзастапени се калиум, фосфор, натриум и магнезиум, како и на железо, цинк и селен. Количината на железо апсорбирана од исхраната зависи од различни фактори. Половина од железо во месото е присутно како во хемоглобин. Железото од месо не само што добро се апсорбира, туку ја подобрува и апсорпцијата на железо од други извори, како што се  мешунки или житни култури. Ваквата комбинација на месо и мешунки може да ја удвои количината на апсорбирано железо и да придонесе значително за спречување на анемија. Додека пак, селенот помага во намалувањето на отровниот ефект на тешки метали и му помага зајакнување на организмот по вакцинирањето.

Холестеролот е маснотија која најмногу ја има во продуктите од животинско потекло. Холестеролот е масно соединение вклучено во транспортот на маснотии во крвотокот и исто така е дел од структурата на клеточните мембрани на ткивата на телото. Има разлика помеѓу поимите холестерол во крвта и холестерол од исхраната. Холестеролот од исхраната не е штетен, но само доколку се зема во умерена количина на храна која содржи холестерол.  Сепак, постојат лица кои се чувствителни на холестерол во исхраната. Затоа, советот од лекарите е умерен внес на месо кое содржи високо ниво на холестереол како јунешко, говедско и јагнешко, и почесто да се користи пилешко и мисиркино месо.

месо црн дроб

Извор: Pixaby

Со горенаведените нутритивни вредности на месото, може да се заклучи дека месото е важна компонента за одржување на здрава и урамнотежена исхрана. Иако, неколку студии укажаат на зголемените ризици од кардиоваскуларни болести, разни форми на карцином и метаболички нарушувања, неспорна е поврзаноста на умереното конзумирањето на месо и придобивките за општата здравствена состојба на човекот.

 

Категории: Здрава храна