Традиционалниот начин на обработка на земјата се практикува илјадници години наназад. Со почетокот на обработка на земјиштето се појавиле услови за формирање и на првите цивилизации.
Точно е дека традиционалниот начин на земјоделство е ефикасен, но, модерната технологија денес ни нуди техничко-технолошки иновации кои го подобруваат и квалитетот и квантитетот на жетвата.
Со самото внесување на иновации во земјоделството, заштедуваме вода, заштедуваме ѓубрива, полесно се справуваме со штетниците и многу полесно можеме да ги пласираме земјоделските производи кои сами сме ги произвеле по конкурентни цени.
Да го погледнеме следново кусо видео, во кое на едноставен начин ни се прикажани придобивките од ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО:
Македонската компанија АгФутура Технологии е водечка компанија во Македонија чиј примарен интерес е токму воведувањето на техничко-технолошки новитети во земјоделството. Од претставници на фирмата дознаваме дека наскоро се подготвуваат и низа семинари на тема ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО. Следете нѐ и понатаму за да дознаете повеќе детаљи за овие семинари.
Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.