Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14%.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,504 ден/кг и сега ќе изнесува 39,360 ден/кг.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 и се зголемува за 0,50 ден/лит., додека пак ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.12.2021 година.
Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 73,50 ден/лит и 75,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 64,00 ден/лит, односно 64,00 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) .
Слични Новости
Конференција „Економско јакнење на жените од руралните средини во контекст на одржлив систем за обезбеденост со храна“
Николовски потпиша 900 договори за давање во закуп на државно земјоделско земјиште за површини дo три хектари

