Свежите производи се секојдневeн дел од нашата исхрана. Кога одиме на пазар купуваме многу поголеми количини на свежо овошје и зеленчук отколку што ни е навистина потребно. Потоа, истата таа храна ја складираме неправилно во фрижидер и за брзо време добиваме гнило или презреано овошје и зеленчук. Затоа е од голема важност е правилно складирање на свежите производи. Еве неколу предлози кои ќе Ви помогнат како да го одржите свежо вашиот зеленчук и овошје:
Обидете се да ги купите одредена количина на зеленчук и овошје која ќе ви биде потребна во период од неколку дена. Некои зеленчукови корени може да траат и до еден месец, доколку се чуваат правилно, но кревки овошја и зеленчуци траат од два до пет дена. Ако купите поголема количина на овошје и зеленчук треба или да ги конзервирате, или да ги замрзнете. Пред складирање, овошјето и зеленчукот не треба да се мие. Миењето ја отстранува природната одбрана на овошјето и зеленчукот од скапување. Затоа се препорачува, ако се валкани од земја, истата да ја отстраните со бришење и да ги складирате на темно и студено место.
Треба да се избегне чување на одредени продукти на исто место. Некои видови овошја и зеленчуци, како што се бананите, кајсиите, крушките, мангото и доматите, кога ќе созреат ослободуваат етилен. Други пак, како јаболката, црниот домат, лубениците, доматите, тиквите, морковите и брокулите, се чувствителни на етилен. Причината зошто не треба да се чува заедно одреден зеленчук и овошје е етиленскиот гас кој го забрзува зреењето и расипување на истите.
Не ги чувајте овошјето и зеленчукот на места каде што има шпорет или област каде што има топлина или чад.
Подобар избор за чување на зеленчук и овошје е стаклената амбалажа за разлика од пластичните кутии.
Со одржување на чист фрижидер, спречувате разни остатоци од храна да создадат бактерии кои може влијаат врз побрзо расипување на зеленчукот или овошјето.
Доматите, пиперките и краставиците се препорачува да се чуваат на собна температура. Студениот воздух влијае на нивната текстура, пиперките ја губат својата цврстина и стануваат крцкави, а краставиците и доматите стануваат „лигави“, односно од нив излегуваат течностите и тие повеќе не се добри за конзумирање.
Краставици – најдобар начин да ја задржите свежината подолг период, секоја краставица поединечно фолија. Ако исечете краставица на половина остатокот може да го покриете со најлонска фолија и врзете го така што нема воздух да поминува низ отворено дел. Така може да се чуваат краставиците на собна температура.
Домати – се препорачува доматите да се чуваат свртени со дршката надолу, што спречува собирање на влага околу неа што ги расипува доматите. Ако се созреани може да се чуваат во фрижидер неколку дена и нема да се уништи нивниот вкус, а ќе им го продолжи траењето. Доколку не се созреани, чувајте ги на собна температура.
Магданос, босилег, аспарагус – може да се чуваат и на собна температура. Ставете ги во чаша со вода и не ги мијте додека не ги користите. На овој начин ќе ја задржат свежината. Од магданосот може да направите коцки. Исечете го зеленчукот, ставете го во сад за мраз додадете топен путер , но не заборавајте да се олади путерот пред да го ставите во замрзнувач. Неколку коцки може да додадете во приготвувањето вашите омилени јадења.
Кромид – најдобар начин за чување на кромид е да го ставите во мрежеста хулахопка, врзувајќи чвор помеѓу секој, и истата да ја обесите на темно место на собна температура. Вака кромидот може да трае и до осум месеци.
Лукот – се складира на темно место на собна температура на отворено или во хартиена кеса. Цела главица лук може да трае до два месеци, но кога ќе се отвори од три до десет дена.
Компири – се чуваат на темно и суво место, но не во фрижидерот, бидејќи влажниот воздух предизвикува скробот во нив да се претвори во шеќери, што влијае на нивниот вкус и текстура. Пластична кеса не е најдобар избор за чување на компири. Чувајте ги во хартиена кеса, мрежеста вреќа или во дрвена гајба на дното обложена со хартија. Компирот не смее да се чува блиску до кромид кој испушта етиленски гас. Доколку саката вашите излупени компири да останат свежи потребно е да ги ставете во вода со неколку капки оцет и да ги складирате во фрижидер. Ова ќе го одложи посивувањето на компирите и до четири дена.
Спанаќ и темнолисни растенија – темелно измијте го спанаќот под силен притисок и замотајте го со хартиени бришачи. Потоа ставете го во пластична кеса или во пластичен сад за складирање во фрижидер и ќе остане свеж и до две недели.
Моркови – исечете ги лисјата од морковите, бидејќи ја одземаат влагата и предизвикуваат морковите да омекнат побрзо. Неизлупените моркови може да се чуваат во фрижидер во кеса околу 2 недели пред да почнат да се расипуваат.