Обука за индивидуални производители од областа на лозарството и винарството од општина Гази Баба
302 Прегледи
Во рамки на проектот „Подобрување на квалитетот на јаките алкохолни пијалоци преку воведување на напредна технологија на дестилација“, кој УКИМ Земјоделски институт моментално го спроведува, а кој е финансиран општина Гази Баба, се организира бесплатна обука за заинтересирани индивидуални производители од областа на лозарството и винарството од општина Гази Баба.
Обуката ќе се одржи на 04.11.2021 година (четврток) во просториите на Земјоделскиот институт во Скопје со почеток во 09:00 часот. Агендата за настанот е достапна на веб страната на Институтот.
За дополнителни информации, Ви стоиме на располагање на телефонскиот број 02/3230-910 или на e-mail адресата: d.popovska@zeminst.edu.mk