Русија забрани извоз на пченица и шеќер

Русија забрани извоз на пченица и шеќер

 

 

Рускиот премиер Михаил Мишустин потпиша указ за забрана за извоз на бел и суров шеќер до 31 август.

Исто така, до 30 јуни е забранет извозот на одредени житни култури во Евроазиската економска унија.

Според Владата на Руската Федерација, забраната за извоз на жито се однесува на пченица, ‘рж, јачмен и пченка, пренесе Ројтерс.

Претходно, Министерството за економски развој објави дека Царинскиот поткомитетот ја одобри забраната за извоз на жито од Русија во земјите на ЕАЕУ до крајот на август.

Како што нагласи министерот за земјоделство Дмитриј Патрушев, жетвата на жита во Русија во 2022 година ќе изнесува 123 милиони тони, а маслодајните семиња 22,6 милиони тони.

Тој нагласи дека Русија целосно ги покрива сопствените потреби за сите главни видови производи.

Патрушев додаде и дека рускиот агроиндустриски комплекс работи нормално, а состојбата на пазарот на храна во земјава е стабилна.

 

Категории: Вести, Слајдер