Понеделник 07.02.2022: Под влијание на влажен воздушен бран, полека од запад ќе започнат да се прошируваат врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег каде снежната покривка и понатаму ќе се зголемува. Најпрвин ќе дува слаб до умерен, а во западните предели повремено засилен ветер, и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите предели од југоисточен правец. Доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник ќе дува засилен до СИЛЕН ветер од северен правец, и истиот ќе услови нагло заладување на времето со што врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на пониските места. Овие нови врнежи од снег ќе условат нова снежна покривка и на пониските места, особено и поголема во западните предели. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени. Доцна попладне и навечер температурата ќе започне брзо да опаѓа.
Вторник 08.02.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со локално провејување на снег, особено во планинските региони. Ќе дува засилен до СИЛЕН ветер од северен правец кој ќе услови позначителен пад на температурите на воздухот. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 4 степени, додека во планинските региони во западните предели температурите ќе се спуштат до околу -10 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени, додека во најтоплите крајни југоисточни предели од државава температурите ќе се искачат до околу 10 степени.
Среда 09.02.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Во северните планински предели ќе има услови за локално провејување на снег. Минималните температури ќе бидат МНОГУ НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.
Понеделник 07.02.2022: Под влијание на влажен воздушен бран, во текот на денот ќе започнат врнежи од дожд а на планините од снег. До крајот на денот и тоа поради наглото заладување на времето врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на пониските места, каде се очекува формирање на нова снежна покривка, на планините истата ќе се зголемува. Ќе започне да дува слаб до умерен ветер од југозападен правец кој повремено ќе засилува на интензитет, додека доцна попладне и навечер ќе дува засилен северен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 0 и 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 11 степени.
Вторник 08.02.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со засилен до СИЛЕН ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу -3 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат до околу 3 степени.
Среда 09.02.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -7 и -4 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 4 и 5 степени.
Понеделник 07.02.2022: Под влијание на влажен воздушен бран во текот на денот ќе започнат врнежи од дожд кој во текот на ноќта ќе преминуваат во врнежи од дожд и снег или влажен снег. Ќе започне да дува засилен, до СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец, особено кон крајот на денот и навечер. Минималната температура ќе се спушти до околу -2 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 10 степени.
Вторник 08.02.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со засилен до СИЛЕН ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 0 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 8 степени.
Среда 09.02.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -1 степен, додека максималната ќе се искачи до околу 9 степени.
Понеделник 07.02.2022: Под влијание на влажен воздушен бран во текот на денот ќе започнат врнежи од дожд, кој до крајот на денот и тоа поради наглото заладување ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои пониски места. Ќе започне да дува засилен до СИЛЕН ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.
Вторник 08.02.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со засилен до СИЛЕН ветер од северен правец. Локално ќе има услови за провејување на снег, особено во планинските региони. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 6 степени.
Среда 09.02.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено и локално засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 9 степени.