Петок 10.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бележат тенденција на пораст, и тоа поради продор на топол воздух од југ, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).
Сабота 11.09.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите поради влијанието на топлата воздушна маса од југ, ќе бележат тенденција на понатамошен пораст, освен наутро кога ќе биде доста свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 15 степени. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).
Недела 12.09.2021: Сончево и топло со умерена, локално и позначителна облачност. Кон крајот на денот во крајните западни предели ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите поради влијанието на топлата воздушна маса од југ, остануваат релативно високи. Само наутро ќе биде релативно свежо, со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 16 степени, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).
Петок 10.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 23 и 24 степени.
Сабота 11.09.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 12 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 25 степени.
Недела 12.09.2021: Сончево со умерена, локално и позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 12 степени, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 24 и 25 степени.
Петок 10.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 13 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 26 степени.
Сабота 11.09.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 11 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 27 степени.
Недела 12.09.2021: Сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 11 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 28 степени.
Петок 10.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 26 степени.
Сабота 11.09.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 28 степени.
Недела 12.09.2021: Сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 28 степени.
Посебно внимание треба да се посвети на есенското ѓубрење и избирање на вистинскиот период за извршување на операцијата. Недоволната количина на паднат дожд и сушата негативно влијаат врз минералните ѓубрива и го забрзуваат процесот на ослободување на азотот во атмосферата.
Временските услови што го карактеризираат овој период може да поттикнат развој на сиво гниење кај плодовите.