Понеделник 20.09.2021: Сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност и со умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Претпладне, и тоа особено во западните предели ќе има услови за краткотраен локален дожд. Температурите остануваат високи, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).
Вторник 21.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за ретка појава на краткотраен дожд. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен ветер од северен и од северозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе бидат нешто пониски за разлика од изминатите денови, и тоа поради продор на посвежа воздушна маса од север. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).
Среда 22.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен локален дожд. Температурите ќе бидат уште пониски и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).
Понеделник 20.09.2021: Сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштат до околу 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 30 степени.
Вторник 21.09.2021: Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди и со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 11 и 12 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 23 степени.
Среда 22.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Попладне и навечер ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 9 и 10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 24 степени.
Понеделник 20.09.2021: Сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност и со умерен ветер од југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималната температура ќе се спушти до околу 14 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 32 степени.
Вторник 21.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и посвежо. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималната температура ќе се спушти до околу 12 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 26 степени.
Среда 22.09.2021: Променливо облачно и свежо со умерен ветер од северозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Ќе има и сончеви периоди, а ќе има услови и за појава на локален краткотраен дожд во попладневните и во вечерните часови. Минималната температура ќе се спушти до околу 12 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 23 степени.
Понеделник 20.09.2021: Сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност и со умерен ветер од југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 30 степени.
Вторник 21.09.2021: Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди и со умерен ветер од северен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 24 степени.
Среда 22.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и уште посвежо. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува на интезнитет. Попладне и навечер ќе има услови за локален краткотраен дожд. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 21 степен.