Четврток 28.04.2022: Променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремен локален дожд и ретки грмежи, и тоа особено попладне. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури нема многу да се менуваат и ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 13 степени, додека максималните ќе бидат малку пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 19 до 26 степени.
Петок 29.04.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Особено попладне и тоа во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи. Минималните температури ќе бидат малку пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.
Сабота 30.04.2022: Променливо облачно и уште малку посвежо со сончеви периоди и со повремен локален дожд. Попладне ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Минималните температури ќе бидат малку пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.
Четврток 28.04.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд и ретки грмежи, и тоа особено попладне. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 7 и 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 20 и 21 степен.
Петок 29.04.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 7 и 9 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 19 степени.
Сабота 30.04.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд, грмежи и засилување на ветерот, особено во попладневните часови. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 6 и 7 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 20 степени.
Четврток 28.04.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локален краткотраен дожд и тоа особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 10 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 24 степени.
Петок 29.04.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 8 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 21 степен.
Сабота 30.04.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд и ретки грмежи, особено во попладневните часови. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до околу 8 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 21 степен.
Четврток 28.04.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локален дожд, и тоа особено попладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 22 степени.
Петок 29.04.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 20 степени.
Сабота 30.04.2022: Променливо облачно со сончеви периоди, а особено попладне и навечер со услови за повремен локален дожд, локална појава на грмежи и засилување на ветерот. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.