Вторник 30.11.2021: Под влијание на продор на студена воздушна маса од север, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Снежна покривка ќе се формира и на повисоките места, додека на планините ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми. Поради заладувањето услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места, особено во западните и во северните предели. Попладне и навечер врнежите ќе престанат и ќе настапи разведрување и стабилизирање на времето. Ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО пониски и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 10 степени.
Среда 01.12.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Поради разведрувањето наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.
Четврток 02.12.2021: Променливо облачно со сончеви периоди, подолги во источните предели, додека во западните ќе има услови за повремен локален дожд а на планините ќе има услови за провејување на снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец и истиот повремено на некои места повремено ќе засилува на интензитет. Наутро сеуште ќе биде доста студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.
Вторник 30.11.2021: Претежно облачно и студено со врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег. Ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец, додека поради заладувањето услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места. Попладне и навечер ќе настапи разведрување и стабилизирање на времето. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 1 степен, додека максималните ќе се искачат до околу 3 степени.
Среда 01.12.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Наутро ќе биде студено и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -5 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 7 степени.
Четврток 02.12.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 9 и 10 степени.
Вторник 30.11.2021: Претежно облачно и значително постудено со услови за повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Попладне и навечер ќе настапи разведрување и стабилизирање на времето. Ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 3 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 6 степени.
Среда 01.12.2021: Претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Поради разведрувањето наутро ќе биде студено со минимална температура која ќе се спушти до околу -3 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 8 степени.
Четврток 02.12.2021: Променливо облачно со подолги сончеви периоди и со умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -1 степен, додека максималната ќе се искачи до околу 11 степени.
Вторник 30.11.2021: Претежно облачно и студено, особено претпладне со услови за повремени врнежи од дожд, додека снежната граница има услови да се спушти и на некои пониски места. Попладне и навечер ќе настапи разведрување и стабилизирање на времето. Ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 5 степени.
Среда 01.12.2021: Претежно сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 8 степени.
Четврток 02.12.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од јужен правец кој повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 12 степени.
Не очекува пад на температурите, особено во утринските часови. Препорачливо е зимските градинарски култури на отворено да се заштитат со поставување на мали тунели со полиетилен. Дополнително, расадот кој што се спрема соодветно да биде заштитен со дополнително и засилено затоплување.