УХМР: Ниските температури минатата недела, не предизвикаа никакви штети кај земјоделските култури

УХМР: Ниските температури минатата недела, не предизвикаа никакви штети кај земјоделските култури

 

Исклучително студеното време што ја зафати земјава минатата недела со температури и до -20 степени, не предизвика никакви штети кај земјоделските култури, велат агрометеоролозите.

Според нив, стабилизирањето на времето деновиве, со повеќе сонце, повремена облачност и врнежи од дожд или снег како денеска, е мало релаксирање од температурниот шок во изминатиот период. Дури, ако почвените услови дозволуваат, може да се почне и со кроењето на виновата лоза.

-Ниските температури минатата недела беа во границите на издржливост на културите и се вообичаени за овој период од годината. Во реоните каде што температурите беа најниски, имаше и снежна покривка која дополнително штити од измрзнувања, објаснуваат агрометеоролозите од УХМР.

Временски услови неделава, со минимални температури од -4 или -5 степени и дневни меѓу 3 и 11 степени, исто така се очекува да им годат на културите во услови на презимување.

-Доколку почвените услови тоа го дозволуваат, земјоделците да влезат во нивите. Може да се почне со кроењето на виновата лоза зашто тоа е обемна операција и потребно е време да се заврши навреме, истакнуваат од УХМР.

 

 

Категории: Вести