Среда 10.02.2021: Променливо облачно и натпросечно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 7 степени, максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.
Четврток 11.02.2021: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни на запад. На планините врнежите ќе бидат од снег. Кон крајот на денот нагло заладување на времето и продор на многу студена воздушна маса од Арктикот. Ќе дува засилен северен ветер а ќе има услови и за локално провејување на снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 8 степени, максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.
Петок 12.02.2021: Сончево и значително постудено со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, Долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -1 степен, максималните ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 5 степени, на крајниот југоисток до околу 8 степени.
Среда 10.02.2021: Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 7 степени, максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 15 степени.
Четврток 11.02.2021: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец кој кон крајот на денот ќе го промени својот правец во северен и осетно ќе ги намали температурите на воздухот. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 7 степени, максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 11 степени.
Петок 12.02.2021: Сончево со умерена локална облачност и значително постудено. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу -6 степени, максималните ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 1 степен.
Среда 10.02.2021: Променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 4 степени, максималната ќе се искачи до околу 15 степени.
Четврток 11.02.2021: Претежно облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец, кон крајот на денот ветерот ќе го промени својот правец во северозападен и осетно ќе ги намали температурите на воздухот. Минималната температура ќе се спушта до околу 6 степени, максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.
Петок 12.02.2021: Сончево и значително постудено со умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушта до околу -2 степени, максималната ќе се искачи до околу 5 степени.
Среда 10.02.2021: Променливо облачно и релативно суво, како и натпросечно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат некаде до околу 5 до 6 степени, максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 15 степени.
Четврток 11.02.2021: Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кон крајот на денот засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 8 степени, максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 12 степени.
Петок 12.02.2021: Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу -6, -7 степени, максималните ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 1 степен.
Најавеното студено време може да предизвика штети во градинарското производство, посебно во производството на расад во овој период. Ниските температури неповолно влијаат на сите култури, бидејќи претходеше потопло време кое овозможува раздвижување на растителните сокови и минимално набабрување на пупките.
Единствено, ладното време и снегот поволно влијае на житните култури каде што снегот делува како изолатор и го намалува ефектот на надворешната температура, ја намалува еолската ерозија на плодниот дел од почвата и по топењето полињата ќе имаат доволно влага за правилно развивање на културите. Дополнително, поради студеното време горниот дел од житариците останува дормантен, но се промовира поинтензивно растење на кореновиот систем.