Дали „црвеното злато“ го изгуби приматот во македонското градинарство?

Дали „црвеното злато“ го изгуби приматот во македонското градинарство?

 

Доматот е една од најзастапените градинарски култури во македонското примарно земјоделство. Овој земјоделски производ беше еден од најглавните извор на доход на голем број земјоделски стопанства во државата. Нејзиниот потенцијал да во краток период овозможи остварување на значаен доход но и значајна загуба во услови на ниски цени е причина да земјоделците ја наречат „црвено злато“. Оваа култура спаѓа во групата на скапи култури за одгледување пред се поради значајните основни средства потребни за отпочнување со производство но исто така и високите трошоци за постојано култивирање на годишно ниво. Ваквите предуслови во комбинација со големите варијации во цени на сезонско ниво и зголемениот увоз од други земји, ја направи оваа култура се помалку атрактивна за македонскиот градинар. Просечен раст на производството на домат во Р. С. Македонија во последните 10 година изнесува 1%.

производство на домат

Извозот се состои од две категории на домат, домат од 1 ви април до 31 декември и домат од 1 јануари до 31 март. Првата категорија на домат е најзначајна и учествува со 99% од вкупниот извоз на годишно ниво кој во просек од 10 години изнесува 28,6 илјада тони. Во оваа категорија спаѓа дел од производството кое е култивирано во зимскиот период, пролетниот домат, летниот домат како и есенскиот домат.

статистика извоз на домат

Извозот на домат произведен од 1 април до 31 декември во последните 10 години бележи негативен просечен раст од -45% односно во споредба со 2008 година како година со најголем извоз, количеството на извоз се намалил за дури 365%.  Оваа состојба е значајно неповолна за македонскиот девизен прилив остварен од земјоделска дејност имајќи предвид дека оваа култура во најдобрите година носела годишен прилив скоро од 22 милион евра додека во 2020 година остварената вредноста на извозот е само 8,5 милиони евра, што преставува намалување од 157%. Намалување на вредноста на извозот е пред се резултат на намаленото количество на извоз предводено од се помалите количина на производство. Еден од главните фактори за ваквите состојби е значајно малиот просечен раст на цената на доматот кој во просек во последните 10 години изнесува само 14%. Овој раст на цената на извоз не е во можност ни одблизу да го прати растот на трошоците на производство.

извоз на домат во евра и килограми

просечна цена на извоз на домат

Ваквите состојби покажуваат дека македонските земјоделци се прилагодуваат на пазарните услови и ги напуштаа традиционалните навики на сезонско инвестирање. Доколку секторот не оствари подобрување на опремата и иновативните пристапи на производство на оваа култура, количеството на производство и на извоз може да се очекува дека ќе се движи во рамките на последните 2-3 години. Од особено значење е државата да процени какво е влијанието врз девизниот прилив, на одгледување на други култури за сметка на доматот и согласно тоа да ја креира политиката на стимулирање.

 

Автор: Благоја Муканов

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

 

 

Категории: Пазари