Европскиот парламент ја одобри Програмата на ЕУ за субвенционирање на земјоделството

Европскиот парламент ја одобри Програмата на ЕУ за субвенционирање на земјоделството

 

Во периодот од 2021- 2027 година ќе се издвојат 387 милијарди евра за финансирање на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП).  Таа и понатаму ќе биде поддржана од два фонда: Европскиот земјоделски гарантен фонд (ЕАГФ) со околу 291,1 милијарди евра, додека Европскиот земјоделски фонд за рурален развој (ЕЗФРР) ќе изнесува 95,5 милијарди евра. Од овој буџет како директна помош за европските земјоделци ќе бидат обезбедени 270 милијарди евра.

Трошоците на ЕУ ќе стапат на сила во 2023 година, а Франција останува главната земја-корисник. Европратениците со големо мнозинство гласаа за трите текста кои го сочинуваат целокупниот пакет субвенции.

Реформата предвидува исплата на бонуси на земјоделците кои учествуваат во поеколошки активности, користат поеколошки техники или придонесуваат за подобрување на состојбата на животните.

Со ова е предвидено, земјите-членки да издвојат просечно 25 % годишно директни плаќања за овие „еко-режими“ помеѓу 2023 и 2027 година, при што само 20 % ќе може да се издвојат во првите две години.

Извор: European Commission 

Категории: Вести