Оглас за 6000 хектари земјоделско земјиште за производство на житни култури

Оглас за 6000 хектари земјоделско земјиште за производство на житни култури

 


Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во гостување во вестите на ТВ Сител најави дека ќе биде објавен оглас за доделување шест илјади хектари земјоделско земјиште за производство на житни култури и за пченица.

Постапката за доделување привршува и огласот ќе го објавиме наскоро и ова е една од мерките која оди паралелно со другите мерки. Очекувам интерес. Имаме 900 договори со земјоделците од сите региони. Го мапираме целото слободно земјиште за да знаеме што имаме на располагање и што можеме да даваме на обработка. Сите овие парцели ќе ги ставиме во функција, а паралелно правиме мерки за помош на полјоделството – изјави Николовски.

Тој посочи дека е донесен интервентниот фонд со 400 милиони денари кој ќе биде 600 милиони до крајот на годината.

Ова е паралелно со редовните субвенции да го стимулираат производството, но и приносот на житни култури. Инаку, ќе има по 4000 денари за вештачко ѓубриво, за прихрана за пченицата за еден хектар насадена пченица. За сончогледот се добиваат по 2500 денари за ѓубриво по еден хектар. Дополнително ги мотивираме земјоделците да остварат и принос, кај пченицата на остварен принос 4000 килограми по хектар ќе добијат 5700 денари дополнителна субвенција ако се предаде во преработувачките капацитети. Во однос на сончогледот ако остварат приход од 1,5 тони по хектар, добиваат по 5700 денари, а за да се осигураме дека производството ќе оди за масло за јадење тие ќе треба да го продадат на домашните производствени капацитети – изјави Николовски.

 

Категории: Вести, Слајдер