„Зелената и дигиталната транзиција на системите за храна и земјоделство“ – Клучна тема на агробизнис форум во Атина

„Зелената и дигиталната транзиција на системите за храна и земјоделство“ – Клучна тема на агробизнис форум во Атина

 

На 6-ти и 7-ми овој месец, во Атина се одржа четвртото меѓународно издание на Агробизнис форумот на тема  „Зелената и дигиталната транзиција на системите за храна и земјоделство“.

Ковид-19 пандемијата откри сериозни недостатоци во синџирите на снабдување на глобално ниво во индустријата на храна и во земјоделството.

Агробизнис форумот 2021 беше фокусиран на решавање на овие предизвици, подобрување на „зелената“ и „дигитална“ транзиција и проценување на влијанието на климатските промени, во согласност со CAP 2021-2027 и стратегијата на Фондот за обновување на ЕУ, согласно глобалните и националните нови трендови и ограничувања, вклучително и пристапот „Едно здравје“.

Агробизнис форумот поставува инклузивна платформа за обликување на робустен, сеопфатен и кохерентен дијалог кон остварливи, одржливи, следливи и издржливи системи за земјоделска храна во Грција и во светот.

На овој дводневен форум над 45 претставници од влади, јавни институции, академски институции и истражувачки центри, граѓански институции ги презентираа можностите и предизвиците за „зелената“ и „дигиталната транзиција на агробизнисите и земјоделството.

Агробизнис форумот беше посветен на унапредување на знаењето за дигитализација и дигитална трансформација на синџирот на вредности на земјоделска храна од семе па се до вилушка. Форумот претставува клучна платформа за зајакнување на иновациите и интегрирање на партнерства кон одржливи и остварливи системи за храна во Грција и во светот.

Повеќе може да прочитате на следниот линк: https://agribusinessforum.org/abf21-agribusiness-forum-2021/

 

Категории: Вести