Какви сензори за добиток постојат на пазарот?

Какви сензори за добиток постојат на пазарот?

 

Прецизното земјоделство за сточарството во голема мера е за мерење и управување со варијабилноста на биолошките ресурси на индивидуалното ниво на животните.

Користењето на сензорни апликации на фарма како дел од прецизното одгледување добиток може да им помогне на фармерите да ги следат и брзо да реагираат на секојдневните потреби во сточарството. Сензорите за добиток се користат претежно кај преживари, поточно млечни крави. Информациите собрани од сензорите даваат вредни податоци на земјоделците, овозможувајќи им да бидат точни со нивното последователно донесување на одлуки.

места за сензори

Извор: animals-in-computing.com

Постојат неколку сензори на пазарот кои, кога се комбинираат, формираат комплетен сет на алатки за следење на различни активности и услови во мониторингот на добитокот.

  • Електронска идентификација
    Секоја целосна имплементација на прецизното одгледување на добиток (PFL-Precise livestock farming) бара автоматска идентификација на одделни животни. Ова е „рбетот“ на сите PFL системи.
  • Акцелеметарски сензори
    Овие сензори се користат во неколку области – како што се откривање на естрос (топлина) и следење на здравјето – преку снимање на активност, чекори и положба на легање и стоење. Акцелеметарски системи достапни на пазарот сега се:
    • Сензор за следење на јадењето, преживарењето, одморањето и активното однесување врз основа на движењето на увото
    • Сензор за откривање на активности за јадење и преживарење, врз основа на акцелерометар поставен на вратот на преживарот
    • Сензор базиран на акцелерометар за следење на активностите за исхрана и пасење на животни.

Податоците од овој тип можат навистина да придонесат кон усовршување на производството на млеко и месо преку навремено делување и соодветно лекување доколку се појават одредени болести. Исто така, дополнителните информации при процесот на донесување на одлуки значително може да доведат кон намалување на трошоците  на една фарма.

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Иновации