Како да останете свежи и најадени додека сте на плажа и кои грешки никако не смеете да ги направите?

Како да останете свежи и најадени додека сте на плажа и кои грешки никако не смеете да ги направите?

 

Летото е тука, периодот од годината кога сакаме да уживаме покрај морскиот или езерски брег и да се препуштиме на сончевите зраци.  Меѓутоа, за задоволството да биде комплетно треба да се погрижиме да ги одбереме правите освежителни пијалоци и лесни ужинки.

За да не останете гладни или жедни на плажа, ви нудиме неколку идеи и совети за подготовка на вкусни закуски и пијалоци:

  1. Освежителни салати

Освежителните салати се идеални за комбинирање со целер, магдонос, нане и босилек и малку маслиново масло. Може да пробате салата од рендан морков, рендана зелка, домат со краставица, варена слатка пченка и индиски ореви. Значи, без месо и додатоци како мајонез, павлака и сирење.

салата

Извор: Pixabay

  1. Енергетски ужинки од сушено овошје и цели зрна

Заборавете на солениот чипс богат со маснотии и слични грицки! Наместо тоа, пробајте здрави грицки кои ќе Ви дадат енергија. Ореви, лешници, бадеми, индиски ореви и слично се идеални. Тие се богати со витамини и исто така содржат многу незаситени масни киселини, витамини и минерали. Пуканките се одлични и често можете да ги купите веднаш на плажа, но не претерувајте со посолувањето. Семките од сончоглед или тиква се исто така одлична храна за на плажа.

бадем

Извор: Pixabay

  1. Варена пченка

Летото е идеално и за варена пченка, а лесно можете да ја најдете кај продавачите на плажа. Ако не сте сигурни во понудата, можете да ја подготвите од дома. И секако, не претерувајте со солта или шеќерот во зависност од вашиот вкус.

пченка

Извор: Pixabay

  1. Овошје

Сезонското овошје е несомнено незаменливо освежување на плажа. Направете овошна салата од различни сезонски овошја: малини, боровинки, грозje, јагоди, лубеница, диња и слично. Не заборавајте исеченото овошје да го посипете со сок од лимон што ќе ви обезбеди подобар вкус и ќе спречи оксидација. Ако изберете нектарини, праски, кајсии и слично овошје ќе внесете многу бета-каротен во вашето тело, што штити од штетните ефекти на слободните радикали. Ако исцедите овошје дома со цел да донесете свеж домашен сок или смути на плажа, запомнете дека е најдобро да ги пиете свежо исцедени.

Извор: Pixabay

  1. Лесни сендвичи

Можете да ги направите од оние помалку расипливи јадења, кои можат да издржат високи температури. Подгответе ги пред да одите на плажа и завиткајте ги во алуминиумска фолија, која потоа може да ја завиткате со салфетка и да ја ставите во пластична кеса. На тој начин, ќе имате салфетка за да се избришете потоа. Пример: интегрална пунџа со сецкана сува пршута, прстени од домати, семки од сончоглед, со парче сирење и малку сенф.

  1. Лесни пијалоци

Пијалоци кои ќе ви ја задоволат жедта и со тоа ќе спречат дехидрирање се повеќе од пожелни. Алкохолот, пијалоците со шеќер и кофеин треба да се остават дома. На плажа, несомнено ќе имате најмногу потреба од вода, во поголеми количини. Можете однапред да подготвите еден од следниве свежи пијалоци: лимонада, природен сок од портокал или сок од бозел. Чувајте го свежиот пијалок во термос кој добро ја одржува температурата.

лимонада

Извор:Pixabay

Тоа што треба да се избегнува на плажа и високи температури се алкохол, газирани пијалоци, брза храна како хамбургери, палачинки, крофни, чипс, смоки и други индустриски производи. Уживајте на плажа и внимавајте да не се прејадете. На крајот, внимавајте да не оставите ѓубре зад себе, затоа што некој треба да ужива на плажа и по вас.

 

Насловна слика извор: Pixabay

 

Категории: Здрава храна
Tags: Храна