Како феромоните ја спасуваат винската индустрија?

Како феромоните ја спасуваат винската индустрија?

 

Во 2008 година за првпат во јужноамериканските лозови насади се појавува сивиот гроздов молец (Lobesia botrana). Во Аргентина биле зафатени скоро 30% од сите лозови насади. Штетите кои ги причинува сивиот гроздов молец се директни и индиректни, освен тоа што може да ги оштети цветовите и плодовите, тој исто така создава поволна средина за развој на сивото гниење за време на зреењето на зрното. Овие штети можат да доведат до намален принос, намалено производство на вино и како краен резултат огромна финансиска загуба.

Сериозноста на проблемот достигнала кулминација во 2011 година кога Аргентина прогласила „фитосанитарна итност“ за да можат да се справат со штетите од сивиот гроздов молец и распространување на другите лозови насади во државата. На почетокот справувањето се одвивало со помош на пластични диспензери кои во својата внатрешност биле исполнети со сексуални феромони за збунување на машките единки од инсектот. Принципот на работа на сексуалните феромони е да ги наведат машките единки на места каде што не постојат женски единки и со тоа да се спречи нивно размножување. Иако овој вид на техника се покажал како успешен и е одобрен за употреба дури и во органското производсто, за поставување на пластичните диспензери потребно е многу време и голема количина на работна сила. Користењето на поголем број на работници во полињата значи огромна финансиска инвестиција која мора да се повтори секоја година на почеток на развивањето на возрасните единки.

Како феромоните ја спасуваат винската индустрија

Извор: ИСЦА инк.

На сметка на големите трошоци се развила потребата од пронаоѓање на нова метода на апликација на сексуалните феромони и за таа цел Институтот за земјоделско здравје и квалитет во Мендоза развиле метода за апликација на феромоните по аерален пат, односно апликација на феромон со помош на авиони или дронови. Овој продукт наречен СПЛАТ Лобесиа претставува течен, нетоксичен и биоразградлив феромон бил аплициран на скоро десет илјади хектари винова лоза каде што имало успешност до 95% во борбата против сивиот гроздов молец.

Освен успешноста во справување со сивиот гроздов молец методата слична на СПЛАТ Лобесиа може да биде искористена во сузбивање на други штетници во различни земјоделски потсектори.

 

Автор: Марио Петковски

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Сточарство