65-годишно истражување открива: Минералните ѓубрива се клучни за поддршка на одржливо земјоделство

65-годишно истражување открива: Минералните ѓубрива се клучни за поддршка на одржливо земјоделство

 

Истражувачка студија долга 65 години потврди дека минералните ѓубрива се клучни за поддршка на одржливо земјоделство со минимално влијание врз животната средина. Студијата спроведена во истражувачкиот центар Ханингхоф на Yara International (1958. година во Германија), ја нагласува важноста на балансирано управување со хранливи материи во одржување на здравјето на почвата. Овие наоди се однесуваат на предизвиците со кои се соочува глобалниот систем за храна, нагласувајќи ја потребата од ефективно управување со ресурсите за да се обезбеди безбедност на храната и заштита на животната средина.

Истражувањето покажува дека примената на соодветни хранливи материи во правилни количини во одреден временски период и место има корист за животната средина, како и за профитабилноста на земјоделците. Фокусот на студијата на односот помеѓу примената на хранливи материи и плодноста на почвата е од клучно значење бидејќи здравјето на почвата се развива постепено, што бара долгорочно следење и документација на податоци. Студијата заклучува дека најефективниот и одржлив пристап вклучува избалансирана комбинација на минерални хранливи материи и интегрирање на органско ѓубриво достапно на фармата со минерално ѓубриво. Повеќе од шест децении истражување покажаа дека комбинирањето на минерални и органски ѓубрива ги поддржува социјалните, економските и еколошките аспекти на одржливото земјоделство. Овој научен пристап за управување со исхраната на културите ги подобрува приносите на културите и просперитетот на земјоделците. Заклучоците од истражувањето  вклучуваат:

Подобрено здравје на почвата: Примената на минерални и органски ѓубрива го зголемува органскиот јаглерод во почвата во споредба со третманите без никакво ѓубриво. Слични резултати се забележани во долгорочни студии ширум светот, нагласувајќи го позитивното влијание на примената на хранливи материи врз содржината на органски јаглерод во почвата.

Зголемена ефикасност во користењето вода: Користењето на ѓубрива со азот, фосфор, калиум и магнезиум резултира со највисока ефикасност на користењето на водата во споредба со изоставувањето на хранливи материи или потпирањето исклучиво на ѓубриво. Недостатокот на хранливи материи значително ја намалува ефикасноста на користењето вода до 63%.

Зголемена профитабилност: Пристапот за урамнотежена исхрана, кој вклучува примена на минерални хранливи материи како што се азот, фосфор, калиум и магнезиумски ѓубрива, дава највисок принос и приход на културите, нагласувајќи ги економските придобивки од правилното управување со хранливи материи во земјоделството.

Во земјоделството и одржливите практики, проектот Б-Ферст се јавува како иновација и одговор на предизвиците пред кои сме изложени. Проектот Б-Ферст финансиран од страна на ЕУ има за цел  да го интегрира валоризирањето на био-отпадот во земјоделското управување преку создавање на нови кружни (циркуларни) и био-базирани синџири кои започнуваат од биолошкиот отпад. Проектот Б-Ферст промовира директна интеракција помеѓу фармерите и секторот за ѓубрива, со цел да го промени пристапот кон вештачките ѓубрива, преку развојот на осум иновативни ѓубрива со специјализирани хранливи материи кои ќе обезбедени со прилагодено дозирање приспособено на потребите на земјоделците, се цел  подобрување на ефикасноста и одржливоста.

Приоритетите на проектот Б-Ферст вклучуваат:

  • Валоризација на недоволно експлоатираниот био-отпад за одржливо земјоделско управување.
  • Развој на осум нови производи за широка потрошувачка на зелени ѓубрива кои се достапни по конкурентни цени.
  • Намалување на зависноста од суровините преку замена на 15-40% со биолошки отпад.
  • Подобрување на одржливоста и управувањето на вештачките ѓубрива во земјоделството.
  • Намалување на потрошувачката на вода, енергија и јаглерод за 10%.
  • Дефинирање на упатства за сертификација и стандарди за квалитет на ниво на ЕУ.
  • Подобрување на економската состојба на земјоделците преку развој на прилагодени хранливи материи.

Проектот Б-Ферст претставува значителен напор во промовирањето на одржливо земјоделство и развојот на био-базирани ѓубрива, што допринесува кон заштита на животната средина и одржлив раст на земјоделската индустрија.

 

Автор: Јована Милосављева

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.