Наводнување на сончоглед

Наводнување на сончоглед

 

Културниот сончоглед претставува едногодишно растениe и водечка маслодајна култура во Р. Македонија, каде што во зависност од условите на одгледување и генотипот се јавуваат различни варирања во однос на  . Покрај првобитната намена за производство на масло, сончогледот во одредена форма (зелена кабеста маса или силажа) се користи и за исхрана на добитокот поради неговата извонредна нутритивна вредност. Морфолошките карактеристики како што се големината на цветните глави и бројот на цветови гоправи едно од најзначајните медоносни растенија со потенцијал засоздавање на 40кг/ха нектар и 70 кг/ха поленов прав во фазата на цветање (Mehmet et al., 2009[1]). Дополнително, важи за култура која добро поднесува суша, поради добро развиениот корен кој може да оди до длабочина од 2 метри, но истовремено доколку се изврши наводнување во критични моменти, според потребите на растението, многу поволно реагира и директно влијае на зголемувањето на приносот. Според временските услови и растот и развојот на сончогледот во Р. Македонија, периодот за наводнување започнува во втората половина од мај.

развивање на генеративни органи кај сончоглед

Почеток на развивање на генеративни органи кај сончогледот

Потребите за вода на сончогледот варираат од 600 до 1000 мм, во зависност од климата и должината на вкупниот период на растење.  а градуално се зголемува од никнувањето до цветањето и може да изнесува од 12-15 мм на ден. Високите стапки на испарувањето се одржуваат за време на формирање на семето и во почетниот период на зреење. Процентот на употреба на вода кај сончогледот во текот на различните периоди на раст е околу 20 % за време на вегетативниот период, 55 % за време на цветниот период и останатите 2 5% вопериодот на формирање и зреење на зрното[2]. Екстремни периоди на суша во раните вегетативни фази може да резултираат сонамалена висина, но со подлабоко развиен корен. Како најсензитивна фаза во периоди на суша претставува фазата на цветање поради намалениот број на целосно развиени цветови.

Најприфатливи начини на наводнување претставуваат вештачкиот дожд и наводнување со бразди. Другите методи како системот капка по капка не се економски исплатливи ако се земе предвид количината и цената на оствареното производство. Според ФАО, наводнувањето со бразди  претставува метода која е најсоодветна за сончогледот, овозможувајќи помалку наводнувања  со поголема количина на вода.[3] Според Вучиќ (1976) [4] потребната количина на вода за принос помеѓу 2.5-3.0 т/ха семе изнесува 350-400 мм вода.

Постојат повеќе методи за ефективно донесување на одлуки за вистинскиот момент за наводнување. Некои методи и алатки (тензиометар) се засноваат чисто на мерење на силата со која е потребно водата да се извлече од почвата. Посовремените методи користат почвени сензори и сателитски снимки за одредување на степенот на влажноста и содржината на вода во растенијата. Ваквите иновативни пристапи овозможуваат прибирање на податоци на подолг рок како и мониторинг на вегетацијата од далечина. Со прибирањето на податоци лесно се увидуваат периодите на суша или дожд што овозможува донесување на ефективна и навремена  одлука која се базира на голем број на информации. Додека пак, со помош на далечинскиот мониторинг можете истата таа одлука да ја донесете во било кој момент без ваша присутност на полето.

farm21 почвен сензор

Farm21 почвен сензор

На пазарот, паралелно со процесот на дигитализација во земјоделството, постојат компании кои нудат вакви услуги, но најчесто се компании од странство кои нудат производи со цени превисоки за просечниот македонски земјоделец. Од исклучителна важност претставува избирањето на вистинската технологија која ќе ви одговара Вам. Производот треба да е издржлив на надворешните услови, сигурен во мерењето и трансферот на податоци и да има ниска цена. Единствениот пристап кон избирањето на правиот производ е интернет истражување, консултации со компании кои нудат вакви производи и демонстрации на терен.

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

[1] https://www.ajol.info/index.php/ajb/article/view/60012

[2] http://www.fao.org/land-water/databases-and-software/crop-information/sunflower/en/

[3] http://www.fao.org/land-water/databases-and-software/crop-information/sunflower/en/

[4] Vučić, N. (1976) Navodnjavanje poljoprivrednih kultura. Novi Sad: Poljoprivredni fakultet

 

Категории: Култури