На полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати за половина денар

На полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати за половина денар

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се намалат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03%.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,690 ден/кг и сега ќе изнесува 41,445 ден/кг.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  ќе се намалат за 0,50 ден/лит, додека пак цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се намали за 1,00 ден/лит.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 76,50  ден/лит и 78,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98,  а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува  66,50 ден/лит, односно 67,50 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) .

 

Категории: Вести