Покана за учество во заедничката делегација на шесте земји од Западен Балкан (ЗБ6) на „23. МЕЃУНАРОДЕН БИЗНИС САЕМ ВО МОСТАР

Покана за учество во заедничката делегација на шесте земји од Западен Балкан (ЗБ6) на „23. МЕЃУНАРОДЕН БИЗНИС САЕМ ВО МОСТАР

 

 

 

Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан (КИФ ЗБ6) ги кани малите и средните претпријатија (МСП) да бидат дел од заедничка делегација од 30 избрани компании од Западен Балкан што ќе учествува на „23. Меѓународен бизнис саем во Мостар“ од 5 до 7 април 2022 година.

Во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за КИФ ЗБ6“, на претстојниот саем предвидено е бесплатно учество на 30 одбрани МСП од Западен Балкан (по 5 компании по економија) од земјоделскиот и земјоделско-прехранбениот сектор.

Крајниот рок за поднесување на апликацијата и придружните документи е 4 март 2022 година, до 12:00 часот. Списокот на избрани компании ќе биде објавен на веб-страницата на КИФ ЗБ6 до 7 март 2022 г.

„23. Меѓународен бизнис саем во Мостар“ што ќе се одржи во периодот од 5 до 9 април 2022 година, е една од најважните саемски манифестации во Босна и Херцеговина по бројот на изложувачи и посетители. Мостарскиот саем е дел од мрежата на Здружението на изложувачи од југоисточна Европа (ЕАСЕЕ).

Настанот претставува одлична можност за компаниите од регионот да ги претстават своите производи, да истражат нови извозни можности, да ги зајакнат постојните и воспостават нови деловни односи со партнери од  земјите на западен Балкан но и со партнери од други земји.

Компаниите ќе имаат можност да бидат дел од заедничка регионална делегација, придружувани од 6 големи малопродажни синџири/дистрибутери што се заинтересирани за пронаоѓање потенцијални снабдувачи од овој сектор.

Кои се критериумите?

Да сте регистрирани во една од шесте економии на Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Да сте мала или средна компанија регистрирана за земјоделски или земјоделско-прехранбени дејности.

При процесот на избирање, приоритет ќе се даде на компании што се занимаваат со производство на органска храна и циркуларна економија во земјоделскиот сектор и коишто имаат креирано профил во Базата на податоци на КИФ ЗБ6 за пристап на пазари https://www.market-access.wb6cif.eu/. Исто така, еден од приоритетите е промотивните материјали (пe-дe-eф каталог, леток и/или видео-презентација) да бидат вклучени во образецот на апликацијата.

Крајниот рок за поднесување на апликацијата и придружните документи е 4 март 2022 година, до 12:00 часот. Списокот на избрани компании ќе биде објавен на веб-страницата на КИФ ЗБ6 до 7 март 2022 г.

Доколку имате дополнителни прашања, контактирајте ја г-а Анѓела Рајиќ на е-пошта: andela.rajic@komorabih.ba и г-а Станислава Перишиќ на е-пошта: stanislava.perisic@komorabih.ba.

Контакт лице од Стопанската комора на Северна Македонија: м-р Сања Николова, е-пошта: sanja@mchamber.mk, тел: 02/3244-091, моб: 071/230-452.

 

Аплицирајте тука!

 

Категории: Вести