По петмесечен пад – цената на растителните масла повторно во пораст

По петмесечен пад – цената на растителните масла повторно во пораст

 

ФАО индексот на цената на растителните масла во просек изнесуваше 165,7 поени во август, со скок од 6,7 проценти во однос на јули. Зголемениот индекс воглавно беше резултат на повисоките цени на маслото од палма, репка и сончоглед. Во август, глобалните цени за палминото масло се вратија на неодамнешните историски највисоки вредности, главно поткрепени со неизвесност за сигурно производство и како резултат на намалувањето на залихите во Малезија.

Во меѓувреме, цените на маслото од репка се зголемени како резултат на стабилната побарувачка во Европската унија, во услови на затегнати глобални резерви. Што се однесува до сончогледовото масло, глобалните цени значително пораснаа по двомесечниот пад, главно поттикнати од ограничениот извоз во регионот на Црното Море пред да стигне новата жетва (2021/22 година) на меѓународниот пазар.

цената на растителните масла

Извор: ФАО

Извор: ФАО

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Пазари