ФАО индексот на цените на шеќерот за октомври во просек изнесуваше 119,1 поен, што е намалување за 1,8 % во однос на септември и го означи првиот пад на цената на шеќерот по шест последователни месечни зголемувања.
Светските цени за шеќерот сепак се повисоки за повеќе од 40 % над нивото во истиот месец од минатата година, а како главна причина е несигурноста во овогодинешноит успешен принос во Бразил. Неодамнешниот месечен пад на меѓународните цени на шеќерот беше поттикнат од ограничената глобална побарувачка за увоз и големи извозни залихи од Индија и Тајланд. За намалување на светските цени на шеќерот во октомври придонесе и слабеењето на бразилскиот реал во однос на американскиот долар. Сепак, повисоките цени на етанолот во Бразил спречија позначителен пад на цената на шеќерот.