Спој на убавото и органското – Каква е иднината на земјоделството и одржливата козметика?

Спој на убавото и органското – Каква е иднината на земјоделството и одржливата козметика?

 

Неповолната вистина за козметичката индустрија е дека во голема мера се базира на експлоатација на животни за тестирање на производите и употреба на хемиски препарати пред конечно одобрување за човечка употреба.

Притисокот од јавноста која сака чиста козметика сè повеќе се одразува на модните брендови кои мора да воведат одржливи практики, а за таа цел сè повеќе се свртуваат кон земјоделците за обезбедување на органски и природни состојки базирани на регенеративни принципи.

За козметичките компании кои продаваат продукти за убавина тоа значи ревизија на нивниот однос кон фармерите и преиспитување на слабостите во сите синџири на добавување на репроматеријали и состојки. Тоа значи дека не е доволно само да ги променат формулите кои ги користат за производство на продуктите, туку и да промовираат регенеративно земјоделство.

Спој на убавото и органското - Каква е иднината на земјоделството и одржливата козметика

Ваквиот принцип го усвои брендот за убавина Davines кој во соработка со институтот Rodale ќе воспостави истражувачки центар лоциран во Парма, Италија.

Целта на новиот истражувачки Европски регенеративен органски центар е да го зголеми снабдувањето со регенеративно одгледувани состојки за секторот за убавина покрај тоа што ќе дејствува како центар за истражување и обука за земјоделците.

Регенеративното земјоделство има за цел да ја обнови благосостојбата на почвата и често се промовира како климатско решение, за разлика од индустриското земјоделство кое пак е предизвикувач на климатските промени.

Регенеративните методи на органско земјоделство вклучуваат избегнување синтетички пестициди и хербициди и практикување на ротација на земјоделски култури и компостирање, како и вклучување на високи стандарди за благосостојба на животните и правата на работниците.

Ваквиот принцип го усвои брендот за убавина Davines кој во соработка со институтот Rodale ќе воспостави истражувачки центар лоциран во Парма, Италија. Целта на новиот истражувачки Европски регенеративен органски центар е да го зголеми снабдувањето со регенеративно одгледувани состојки за секторот за убавина покрај тоа што ќе дејствува како центар за истражување и обука за земјоделците. Регенеративното земјоделство има за цел да ја обнови благосостојбата на почвата и често се промовира како климатско решение, за разлика од индустриското земјоделство кое пак е предизвикувач на климатските промени. Регенеративните методи на органско земјоделство вклучуваат избегнување синтетички пестициди и хербициди и практикување на ротација на земјоделски култури и компостирање, како и вклучување на високи стандарди за благосостојба на животните и правата на работниците.

Решенијата кои Davines ќе ги применува во својата понуда се очекува да делуваат позитивно на целиот козметички сектор, па тој чекор може да го следат и други козметички брендови што може значително да влијае врз воспоставување на одржлив добавувачки земјоделски синџир.

Меѓутоа да се постигнат тие цели ќе биде потребно време. Davines засега има само неколку производи кои се целосно базирани на регенеративни состојки добиени од одржливо земјоделско производство.

Исто така Давиде Болати, директорот на Davines истакнува дека дури и самите потрошувачи имаат помал интерес за тие продукти.

„Тоа е лоша вест, бидејќи би сакале корелација“, вели тој. Затворањето на јазот ќе вклучува и тимови за развој на производи на Davines и ангажман со потрошувачите – па дури и промена на очекувањата на клиентите, во некои случаи.

„Порано, ако шампонот не се пенеше со големи меури, беше сфаќано дека нешто не е во ред“, вели Болати, но потрошувачите почнаа да разбираат дека тоа не е секогаш знак за добар шампон.

„Вистинската рамнотежа помеѓу перформансите и одржливоста е исклучително тешка, затоа она што го бараме е да ги подигнеме границите на перформансите и одржливоста“, вели тој.

„Има голема работа што треба да се заврши“, заклучува Болати.

Овие трендови бараат и големо вложување во нови технологии, прецизни бази на податоци за циклусот на одгледување на состојките и нивното влијание врз почвата и емисиите на гасови, како и истражување за примена на нови состојки кои се прифатливи според предвидените стандарди. По се изгледа дека со сила убавина не бидува, но со волја за промена на пракси стари децении се е возможно, па дури и во тешко менливи индустрии како козметичката или пак во агросекторот.

 

Извор: voguebusiness.com