Петок 02.07.2021: Сончево и посвежо со умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите на воздухот ќе бидат за неколку степени пониски. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност ( коефициент помеѓу 10 и 11).
Сабота 03.07.2021: Сончево и посвежо со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите поради продор на посвежа воздушна маса од север ќе бележат тенденција на пад. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ и покрај посвежото време сепак ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент од 10 до 11).
Недела 04.07.2021: Сончево со умерена, повремено и локално и значителна облачност. Ќе дува умерен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите под влијание на малку посвежа воздушна маса од север, нема да бидат толку многу високи како што беа изминатите денови. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).
Петок 02.07.2021: Сончево и посвежо со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 15 и 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 32 и 34 степени.
Сабота 03.07.2021: Сончево и посвежо со умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 30 степени.
Недела 04.07.2021: Сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 13 и 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 30 и 32 степени.
Петок 02.07.2021: Сончево и посвежо со умерен локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до околу 17 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 35 степени.
Сабота 03.07.2021: Сончево и посвежо со умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец и иситот повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 17 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 31 степен.
Недела 04.07.2021: Сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до околу 14 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 32 степени.
Петок 02.07.2021: Сончево и посвежо со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 17 степени, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 33 степени.
Сабота 03.07.2021: Сончево и посвежо со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 11 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 31 степен.
Недела 04.07.2021: Сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 31 степен.
Зголемените дневни температури можат негативно да влијаат врз евапотранспирацијата на градинарските култури на отворено.
Наводнувањето треба да се извршува со посебно внимание бидејќи ќе имаме високи температури, засилен ветер и на некои места дожд од што ќе произлезат две сценарија. Едното е брзо сушење на почвата и зголемена транспирација на растенијата што може негативно да се одрази врз прогресот на градинарските култури, додека пак другото сценарио е извршено наводнување пропратено со не очекуван дожд и поттик за интензивен развој на патогени.
Потребна е евалуација на штетите причинети од град и доколку е возможно треба да се интервенира во процесот на опоравување на растенијата и дрвјата,
Голем процент од есенските житарици се спремни за жетва, макотрпна и долготрајна операција, апелираме да внимавате на сопственото здравје поради високите температури и зголемениот УВ индекс.