Тридневна временска прогноза (04.03.2022)

Тридневна временска прогноза (04.03.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 4 – 6 март 2022 година

 

Петок 04.03.2022: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Особено од пладневните часови па натаму и тоа од запад ќе започнуваат нови врнежи претежно од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Снежната граница повремено има услови да се спушта и под 1000 метри. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -2 степени, додека максималните ќе бележат тенденција на мал пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.

Сабота 05.03.2022: Претежно облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд и снег на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, особено во попладневните и вечерните часови.  Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе бидат малку повисоки, но сепак на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени.

Недела 06.03.2022:  Облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд и снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури нема да се менуваат и ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени.