Сабота 04.09.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Температурите и понатаму нема многу да се менуваат, па така минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).
Недела 05.09.2021: Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд и локална појава на грмежи, како и со засилување на ветерот. Локално се можни ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси и застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Врнежите повеќе ќе ги има во јужната половина од државава. Температурите ќе бидат уште пониски за разлика од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Вредноста на УВ ИНДЕКСОТ ќе биде НИСКА.
Понеделник 06.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на мал пораст и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени. Вредноста на УВ ИНДЕКСОТ ќе биде НИСКА.
Сабота 04.09.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 25 и 27 степени.
Недела 05.09.2021: Променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 13 и 14 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 20 степени.
Понеделник 06.09.2021: Променливо облачно со услови за повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 12 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 20 степени.
Сабота 04.09.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 11 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 28 степени.
Недела 05.09.2021: Променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Минималната температура ќе се спушти до околу 14 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 23 степени.
Понеделник 06.09.2021: Променливо облачно со услови за повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 13 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 24 степени.
Сабота 04.09.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 28 степени.
Недела 05.09.2021: Променливо облачно и нестабилно со услови за локална појава на пороен дожд и грмежи, како и со засилување на ветерот. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 24 степени.
Понеделник 06.09.2021: Променливо облачно со услови за повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 23 степени.
Паднатата количина на дожд може да создаде поволни услови и да го забрзаат процесот на развивање на бактериски и габни инфекции. Препорачливо е да се обрне поголемо внимание врз посевите на отворено, но и во затворен простор.
Температурите имаат тенденција на опаѓање, може да се забележи успорен раст кај одредени култури.