Тридневна временска прогноза (11.09.2021)

Тридневна временска прогноза (11.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 11 – 13 септември 2021 година

Сабота 11.09.2021:  Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и навечер локално ќе има нешто повеќе облачност, и ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во планинските региони. Температурите поради влијанието на топлата воздушна маса од југ, ќе бележат тенденција на понатамошен пораст, освен наутро кога ќе биде свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 14 степени. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

Недела 12.09.2021: Сончево и топло со умерена, локално и позначителна облачност. Кон крајот на денот ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите поради влијанието на топлата воздушна маса од југ, остануваат релативно високи. Само наутро ќе биде релативно свежо, со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 16 степени, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 31 степен. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 5).

Понеделник 13.09.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 31 степен. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

Сабота 11.09.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 12 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 25 степени.

Недела 12.09.2021: Сончево со умерена, локално и позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 12 степени, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 24 и 25 степени.

Понеделник 13.09.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 24 и 25 степени.