Тридневна временска прогноза (12.07.2021)

Тридневна временска прогноза (12.07.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 12 – 14 јули 2021 година

 

Понеделник 12.07.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и тоа особено попладне кога ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе започнат да бележат тенденција на пораст и тоа поради влијанието на новиот топлотен бран од југ. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).

Вторник 13.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО, попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од порменлив правец. Температурите ќе бидат значително повисоки и тоа под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од југ. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент од 10 до 11).

Среда 14.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО, попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Темперратурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 21 степен, додека максималната ќе се искачи во интервалот од 33 до 40 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).