Вторник 13.04.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападен и од југоисточен правец. Повремено ветерот на некои места ќе засилува а ќе има и повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со појава на грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.
Среда 14.04.2021: Променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, додека на високите планини ќе има услови за повремен снег. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер, Долж Повардарието од северен и од северозападен, додека во западните предели од југозападен и западен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени, додека максималните температури ќе се искасчуваат во интервалот од 8 до 17 степени.
Четврток 15.04.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има услови и за слаб локален дожд, на планините слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува, особено Долж Повардарието. Минималните теператури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 5 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 18 степени.
Вторник 13.04.2021: Променливо облачно со услови за повремен локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 8 степени, максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 18 степени.
Среда 14.04.2021: Променливо облачно со услови за повремен локален дожд и услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од западен и од југозападен правец кој повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 5 степени, максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени.
Четврток 15.04.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за сосема слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 3 степени. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.
Вторник 13.04.2021: Променливо облачно со услови за повремени локални врнежи од дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец и истиот повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спуштои до околу 4 степени, максималната ќе се искачи до околу 17 степени.
Среда 14.04.2021: Променливо облачно и посвежо со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Ќе има услови за повремен локален дожд. Минималната температура ќе се спушти до околу 5 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 15 степени.
Четврток 15.04.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од северозападен правец, истиот повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до околу 1 степен, додека максималната ќе се искачи до околу 16 степени.
Вторник 13.04.2021: Променливо облачно со услови за повремен локален дожд и услови за локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер кој повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 8 степени, максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 18 степени.
Среда 14.04.2021: Променливо облачно со услови за повремен локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе услови намалување на температурите на воздухот. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 9 степени, максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.
Четврток 15.04.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 3 степени. Максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.
По ниските температури кои што го карактеризираа минатиот период, временските услови започнуваат со стабилизација. Нема појава на критични моменти кои што можат да го загрозат земјоделското производство. Единствено, минималните температури во утринските часови можат да допринесат кон намалување на приносот кај овошките кои што се во процесот на цветање.