Тридневна временска прогноза (13.12.2021)

Тридневна временска прогноза (13.12.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 13 – 15 декември 2021 година

 

Понеделник 13.12.2021: Претежно облачно и студено со локални врнежи претежно од снег, додека во југоисточните предели врнежите ќе бидат претежно од дожд или од дожд и снег.  Врнежите повеќе ќе бидат застапени во источните предели. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бидат значително пониски за разлика од изминатите денови, и тоа под влијание на студената воздушна маса од север, и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени во најтоплите предели.

Вторник 14.12.2021: Променливо облачно и студено со умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Локално ќе има услови за слабо провејување на снег. Температурите и понатаму остануваат ниски, и тоа под влијание на студената воздушна маса од север и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени.

Среда 15.12.2021: Променливо облачно и студено со сончеви периоди и со умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите и понатаму нема многу да се менуваат, и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.