Македонија:
|
Петок 18.06.2021: Сончево со умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 25 и 26 степени.
Сабота 19.06.2021: Сончево со умерена облачност. Попладне локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 25 и 26 степени.
Недела 20.06.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне сосема се мали условите за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 27 и 28 степени.
Петок 18.06.2021: Сончево со умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до околу 13 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 28 степени.
Сабота 19.06.2021: Сончево со умерена облачност. Попладне ќе има услови за нестабилност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до околу 16 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 27 степени.
Недела 20.06.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен поравец и истиот повремено ќе засилува. Попладне има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до околу 16 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 29 степени.
Петок 18.06.2021: Сончево со умерена локална облачност. Попладне ќе има усови за локален краткотраен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 27 степени.
Сабота 19.06.2021: Сончево со умерена облачност. Попладне локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени.
Недела 20.06.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ,повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 29 степени.
Зголемените дневни температури можат негативно да влијаат врз евапотранспирацијата на градинарските култури на отворено.
Наводнувањето треба да се извршува со посебно внимание бидејќи ќе имаме високи температури, засилен ветер и на некои места дожд од што ќе произлезат две сценарија. Едното е брзо сушење на почвата и зголемена транспирација на растенијата што може негативно да се одрази врз прогресот на градинарските култури, додека пак другото сценарио е извршено наводнување пропратено со не очекуван дожд и поттик за интензивен развој на патогени.