Сабота 18.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец. Температурите на воздухот, поради влијанието на топлата воздушна маса од југ остануваат високи и над просекот за овој дел од годината. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).
Недела 19.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Локално ќе има услови за појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите и понатаму остануваат високи и над просекот за овој дел од годината. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).
Понеделник 20.09.2021: Сончево и понатаму натпросечно топло со умерена локална облачност и со умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Ќе има услови и за ретка појава на краткотраен дожд. Температурите остануваат високи за овој дел од годината, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).
Сабота 18.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец. Попладне ќе има услови за ретка нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 29 степени.
Недела 19.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец. Ќе има услови и за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 28 степени.
Понеделник 20.09.2021: Сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 14 и 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28 и 30 степени.
Сабота 18.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од западен правец, кој повремено ќе засилува на интензитет. Попладне ќе има услови за ретка нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до околу 15 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 33 степени.
Недела 19.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од југозападен правец, ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Ќе има услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до околу 13 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 30 степени.
Понеделник 20.09.2021: Сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност и со умерен ветер од југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималната температура ќе се спушти до околу 13 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 33 степени.
Сабота 18.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен ветер од западен и од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 30 степени.
Недела 19.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од југозападен правец, истиот повремено ќе засилува на интензитет. Ќе има услови и за ретка појава на нестабилност. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 31 степен.
Понеделник 20.09.2021: Сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност и со умерен ветер од југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 30 степени.