Понеделник 18.10.2021: Сончево и релативно топло со умерена локална облачност. Повремено и локално облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурите и тоа особено максималните ќе бележат тенденција на понатамошен пораст. Минималните пак ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени.
Вторник 19.10.2021: Сончево и релативно топло преку ден со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец, и тоа особено Долж Повардарието.Температурите остануваат релативно високи, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ, и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени.
Среда 20.10.2021: Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Под влијание на топлата воздушна маса од југ, температурите остануваат релативно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени.
Понеделник 18.10.2021: Сончево и релативно топло со умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Повремено и локално облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за локален и краткотраен дожд. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 5 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 15 степени.
Вторник 19.10.2021: Сончево и релативно топло со слаб ветер од источен правец, а ќе има појава и на мала локална облачност. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат до околу 15 степени.
Среда 20.10.2021: Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 5 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 16 степени.
Понеделник 18.10.2021: Сончево и релативно топло со умерена локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 7 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 17 степени.
Вторник 19.10.2021: Сончево и релативно топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 6 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 17 степени.
Среда 20.10.2021: Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 5 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 18 степени.
Понеделник 18.10.2021: Сончево и релативно топло со умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 17 степени.
Вторник 19.10.2021: Сончево и релативно топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 16 степени.
Среда 20.10.2021: Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 6 степени, додека масималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 17 степени.
Количината на паднатиот дожд многу позитивно ќе влијае врз растворувањето на минералните ѓубрива и ќе овозможи добар старт на житариците кои што ќе се сејат.
Топлата воздушна маса и умерениот ветер на некои места ќе придонесе кон сушење на површинскиот слој од почвата, што ќе создаде оптимални услови за нејзина обработка.