Тридневна временска прогноза (19.03.2022)

Тридневна временска прогноза (19.03.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 19 – 21 март 2022 година

 

Сабота 19.03.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди и со услови за локално провејување на снег, особено во јужните предели. Во југоисточните предели пак ќе има услови за слаби локални врнежи претежно од дожд. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од североисточен правец. Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.

Недела 20.03.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди и со умерен, повремено на некои места засилен ветер од североисточен правец. Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени.

Понеделник 21.03.2022: Сончево и релативно СТУДЕНО, попладне со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури и понатаму насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.