Тридневна временска прогноза (20.07.2021)

Тридневна временска прогноза (20.07.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 20 – 22 јули 2021 година

 

Вторник 20.07.2021: Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе бидат замо за некој степен повисоки. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.  УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).

Среда 21.07.2021: Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието и на истокот повремено засилен ветер од северен правец. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 23 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 10).

Четврток 22.07.2021: Сончево и топло. Особено Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите нема многу да се менуваат за разлика од изминатите денови. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 10).