Тридневна временска прогноза (23.11.2021)

Тридневна временска прогноза (23.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 23 – 25 ноември 2021 година

Вторник 23.11.2021: Претежно облачно. Особено во јужните предели со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец, и истиот и тоа особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет.  Наутро температурите ќе бидат повисоки, и тоа поради облачноста и истите ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени.

Среда 24.11.2021:  Претежно облачно. Особено во јужните предели со услови за повремен локален дожд, особено во претпладневните часови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.  Температурите ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите денови, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 7 степени. Максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 13 степени.

Четврток 25.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Во доцните вечерни и ноќните часови, од запад започнат врнежи од дожд.  Температурите нема многу да се менуваат, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 14 степени.

Вторник 23.11.2021: Претежно облачно со услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 3 и 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 13 степени.

Среда 24.11.2021: Претежно облачно со услови за повремен локалeн дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 3 и 4 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 9 степени.

Четврток 25.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Во доцните вечерни и ноќни часови ќе започнат врнежи од дожд. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 11 степени.