Вторник 24.08.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на нестабилност. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).
Среда 25.08.2021: Променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер и со појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).
Четврток 26.08.2021: Променливо облачно со услови за повремен локален дожд. Попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и тоа особено во западните предели повремено засилен ветер од западен правец. Температурите нема многу да се менуваат во споредна со оние од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).
Вторник 24.08.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 14 и 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 31 и 32 степени.
Среда 25.08.2021: Променливо облачно и нестабилно со услови за локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град, особено од пладневните часови па натаму. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат до околу 30 степени.
Четврток 26.08.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од западен правец, особено попладне кога ќе има услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 15 и 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28 и 30 степени.
Вторник 24.08.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 16 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 33 степени.
Среда 25.08.2021: Променливо облачно и нестабилно со услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено од пладневните часови па натаму кога ќе има услови и за локална појава на град. Минималната температура ќе се спушти до околу 18 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 32 степени.
Четврток 26.08.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец и тоа особено попладне, кога ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до околу 16 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 32 степени.
Вторник 24.08.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на нестабилност. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 33 степени.
Среда 25.08.2021: Променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно НЕВРЕМЕ. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 30 степени.
Четврток 26.08.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 29 степени.
Поради високиот УВ индекс апел до сите земјоделци да водат грижа за своето здравје за време на работа !
Постои можност за појава на невреме. Препорачливо е проверка на конструкциите од кои се направени пластениците и стаклениците за да се избегне поголема штета.