Тридневна временска прогноза (25.05.2021)

Тридневна временска прогноза (25.05.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  24 – 26 мај 2021 година

Вторник 25.05.2021: Сончево и топло со умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за локална појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Среда 26.05.2021: Сончево и топло. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер, електрични празнења, поинтензивен пороен дожд и појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

 

Четврток 27.05.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.