Тридневна временска прогноза (28.03.2022)

Тридневна временска прогноза (28.03.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 28 – 30 март 2022 година

 

Понеделник 28.03.2022: Сончево со умерена, а во западните и јужните предели и позначително облачно, каде особено во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за појава на локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.

Вторник 29.03.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за сосема слаб и локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени, што значи дека истите ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите денови.

Среда 30.03.2022: Сончево со умерена, повремено и локално и позначително облачно со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Ветерот повремено на некои места ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 7 степени, додека максималните ќе бидат повторно повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.