Тридневна временска прогноза (31.03.2022)

Тридневна временска прогноза (31.03.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 31  март – 02 април 2022 година

 

Четврток 31.03.2022: Под влијание на циклонска активност, и на влажен воздушен бран од запад, времето ќе биде претежно облачно, на повеќе места со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни врнежите ќе бидат во западните предели. Ќе дува засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11, што значи дека истите ќе бидат значително повисоки, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Петок 01.04.2022: Под влијание на циклонска активност и понатаму времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за локална појава на град. Ќе дува засилен до СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец. Температурите ќе бидат пролетно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

Сабота 02.04.2022: И понатаму ќе бидеме под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран од запад, па така времето ќе биде променливо облачно, додека во текот на денот ќе започнат врнежи од дожд кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На некои места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за локална појава на град. Во западните планински предели ќе има услови и за врнежи од СНЕГ. Ќе дува засилен до наместа СИЛЕН ветер од јужен правец. Што се однесува до температурите, минималните ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 8 степени и ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите утрини, додека максималните исто така ќе бидат нешто пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.