Тридневна временска прогноза (31.12.2021)

Тридневна временска прогноза (31.12.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 31 декември – 02 јануари 2021 година

Петок 31.12.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите и понатаму ќе бидат натпросечно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. За време на новогодишната ноќ пак времето ќе биде ведро и не многу студено со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, додека температурите ќе се движат во интервалот од 1 до 8 степени, што значи дека истите насекаде ќе бидат позитивни.

Сабота 01.01.2022: Сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува на интензитет, и тоа особено во источните предели. Температурите остануваат значително над просекот и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.

Недела 02.01.2022: Сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите и понатаму ќе бидат натпросечно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 8 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.