Шанса за одржливо сточарство или контроверзни научни истражувања во корист на фармерите?

Шанса за одржливо сточарство или контроверзни научни истражувања во корист на фармерите?

 

Сточарството е гранка која силно влијае врз климатските промени поради издувните гасови кои ги испуштаат говедата. Постои голема битка за тоа дали секторот воопшто може да биде одржлив или треба според екологистите да се ограничи најмногу што може. Но, новите истражувања тврдат дека постои начин како да се намали штетното влијание иако и научниците кои стојат зад нив знаат да заземат и контроверзни ставови.

Правилните протоколи за пасење можат да ги обноват системите на почвата и функциите на екосистемот преку одржливи решенија за одгледување на преживарите во земјоделство. Ова го тврди Ричард Тиг, почесен професор во Одделот за управување со домашни и диви животни и рибарство и виш научник на Институтот за меѓународно земјоделство „Норман Борлауг” и Центарот за истражување и проширување на Тексас А & М АгриЛајф во Вернон.

Дел од истражувањето на Тиг е ставено на увид од научната јавност, особено критичарите на сточарството како гранка која е на тапет за испуштање на големи количини на стакленички гасови во атмосферата и висок степен на јаглероден отпечаток.

Ричард Тиг од друга страна пак, ги застапува интересите на сточарите и фармерите тврдејќи дека со испаша на говедата и соодветен менаџмент се подобрува квалитетот на почвата и се подобрува одржливоста на самиот еко-систем кој потоа повеќекратно ги неутрализира последиците од јаглеродниот отпечаток.

Истражувањето на Тиг тврди дека соодветните практики за управување со пасењето во производството на говеда се меѓу можните решенија за проблемите поврзани со влијанието врз животната средина. Неговата статија служи како повик за акција за имплементација на земјоделските практики кои можат да ја подобрат базата на ресурси, животната средина, продуктивноста и економските приноси.

„Постојаната покривка на фуражни растенија е многу ефикасна во намалувањето на ерозијата на почвата и зголемување на инфилтрацијата, а преживарите кои консумираат сточна храна под соодветно управување, резултираат со значително поголема секреција на јаглерод отколку негови емисии“, смета Тиг.

Регенерацијата на еколошката функција во агро-екосистемите може да го подигне апсорбирањето на јаглеродот во почвата, да ја подобри еколошката функција на почвата и да ја подобри биолошката разновидност и живеалиштата на дивиот свет, доколку се вгради во протоколите за планирање и мониторинг на пасењето на говедата.

Тиг исто така смета дека научните истражувања во делот на агроодржливоста може да нанесат поголема штета ако не ги земат во предвид економските и социјалните последици врз глобалното производство на храна.

 

Автор: Христијан Станоевиќ