Единаесет причини зошто да ги исфрлите од употреба пластичните ќеси. Каков е вашиот придонес во оваа битка?!

Единаесет причини зошто да ги исфрлите од употреба пластичните ќеси. Каков е вашиот придонес во оваа битка?!

 

Најлонските ќеси се една од поголемите закани за природната средина и за биодиверзитетот на глобално ниво. Согледувајќи го крајно штетното дејство на најлонските ќеси, повеќе светски организации и влади усвоија закони за намалување или целосно исфрлање од употреба на овие пластични производи.

Р.С. Македонија, како еден од потписниците на овие повелби, се обврза дека ќе ги почитува предлозите за зачувување на животната средина, а од почеток на месецов стапи на сила и законот со кој се забрани употребата на најлонските ќеси за еднократна употреба.

Во продолжение на овој текст, ќе наведеме неколку интересни факти, кој се помалку или повеќе познати на јавноста, а кои детално го опишуваат разорното влијание на најлонските ќеси врз животната средина:

  1. Секоја секунда ширум светот се користат 160.000 најлонски ќеси

Токму така, секоја секунда се користат околу 160.000 ќеси на светско ниво. Тоа достигнува до вкупна бројка од трилион најлонски ќеси годишно.

  1. Само 1% од најлонските ќеси се рециклираат

Според податоците за рециклирање најлонски ќеси, само 1 процент од најлонските ќеси се враќаат на рециклирање.

 

  1. Една најлонска ќеса се користи во просек 12 минути

Најлонската кеса обично се фрла во ѓубре по само 12 минути употреба. Откако ќе се фрлат во отпад, најлонските ќеси ќе останат во околината 1.000 години пред да се распаднат.

  1. 267 различни видови на животни се погодени од пластичен отпад во морињата

Морските диви животни често по грешка помислуваат дека најлонските ќеси се храна. Ќесите завршуваат блокирајќи ги дишните патиштата и стомакот на многу морски видови, вклучувајќи китови, делфини, фоки, и желки.

  1. Најлонските ќеси се меѓу 12 видови ѓубре кои најчесто се наоѓаат при расчистувањето на крајбрежјата

Според податоците од невладината организација „Центар за заштита на морето“, најлонските ќеси се меѓу топ 12 пронајдени остатоци од отпад за време на расчистувањето на крајбрежјата.

  1. Најлонските ќеси би можеле да ја опкружат земјината топка 4.200 пати

Ако ги споиме сите најлонски ќеси во светот заедно, тие би ја обиколиле земјината топка 4.200 пати.

  1. Потребни се 1000 години за да се деградираат најлонските ќеси

Пластичната ќеса започнува да се разградува дури по 700 години и целосно ќе се разгради за околу 1000 години.

  1. Количеството нафта кое е потребно за да се произведе една пластична кеса може да се употреби за еден автомобил да помине 11 метри

Околу 8% до 10% од нашата вкупна залиха на нафта оди за производство на пластика.

  1. Ако ништо не се промени, до 2050 година ќе има повеќе пластика од риби во океанот

Експертите од индустријата очекуваат дека до 2050 година ќе произведуваме три пати повеќе пластика од денес; мерејќи по капацитет, тоа би значело дека до 2050 година во светските океани ќе има повеќе пластика отколку риби.

 

  1. 80 земји ширум светот ги забранија најлонските ќеси за еднократна употреба

Над 80 земји сега имаат целосна или делумна забрана за најлонски ќеси за еднократна употреба – вклучително и повеќе од 30 африкански земји – и листата се зголемува секоја година.

  1. Биоразградливите најлонски ќеси не се решение за проблемот. И на овие материјали им треба уште долго време за да се разградат и тоа само во вистинската средина (со претходно соодветен машински процес ).

Кога некои биоразградливи пластики се распаѓаат на депониите, тие произведуваат метан. Ова е многу моќен стакленички гас што го зголемува проблемот со глобалното затоплување. Биоразградливата пластика и биопластиката не секогаш лесно се распаѓаат.

Затоа, следниот пат кога ќе одите на пазарување понесете си хартиени, платнени или најлонски ќеси за повеќекратна употреба. На тој начин ќе заштедите некој денар, а воедно ќе ја заштитите и природата, која (за жал) човекот сѐ позабрзано ја уништува.

Следете нѐ и понатаму! Во следните неколку денови ќе имаме објави посветени токму на оваа горлива тема. Ќе имате можност да прочитате што точно предвидува законот кој стапи на сила на 1 декември 2021, а ќе ја обработиме и темата за алтернативни решенија на најлонските ќеси.

 

Фото: Pixabay

 

Категории: Зелен развој