8 начини како да го намалите вашиот личен јаглероден отпечаток

8 начини како да го намалите вашиот личен јаглероден отпечаток

 

 

Разбирањето што всушност значи вашиот личен јаглероден отпечаток е првиот чекор кон остварување на вашиот удел во борбата против климатските промени. Вашиот јаглероден отпечаток се состои од неколку фактори од животниот стил кој го водите, вклучувајќи ја вашата исхрана, начинот на кој се движите (и локално и шемите на летови), големината на вашиот дом и од каде ја добива електричната енергија и вашите потрошувачки навики. Има и други фактори кои се важни, како што се вашето инвестициско портфолио, бројот на деца што ги имате и дали имате домашни миленици.

Еве осум едноставни совети кои веднаш можете да ги примените во вашиот секојдневен живот, а кои ќе ви помогнат да го намалите отпечатокот на јаглерод.

  1. ИСХРАНА – Неделно јадете една порција месо помалку

Производите од животинско потекло, особено црвеното месо (свинско и говедско) имаат значително поголем јаглероден отпечаток од протеинските алтернативи добиени од растенија. Овој месец обидете се да отстраните од вашата исхрана барем еден оброк кој се состои од црвено месо, а следниот месец обидете се да отстраните два.

  1. ИСХРАНА – Дадете им шанса на растителните алтернативи на млеко

Постојат разни алтернативи за млеко на пазарот кои, според нас, се исто толку вкусни како и млекото, а истовремено можат да се пофалат и со значително помал јаглероден отпечаток. Наши омилени вкусови се млеко од бадем, млеко од ориз, млеко од овес, и млеко од индиски орев.

Јаглероден Отпечаток

 

  1. ДВИЖЕЊЕ – Повеќе пешачење и повеќе возење на велосипед

Ако живеете во град, следниот пат кога ќе треба да извршите некоја работа, пешачете или возете велосипед до местото каде што треба да стигнете! Не само што е подобро за вашето здравје, туку во исто време ќе го намали и вашиот личен јаглероден отпечаток.

  1. ПАТУВАЊЕ – Намалете ги емисиите на стакленички гасови со тоа што ќе го намалите (или барем ограничите) бројот на вашите летови

Патувањата се неверојатни и еден од најдобрите начини да се опуштите и да дознаете за сите неверојатни нешта кои ги нуди нашата планета Земја. Но, патувањето со авион значително придонесува за глобалното затоплување. Затоа, следниот пат кога ќе тргнете да ја истражувате нашата Земја, гледајте тоа да не биде многу често. На тој начин придонесувате за помалку издувни гасови и ги намалувате емисиите предизвикани од вашите летови. 

  1. ДОМУВАЊЕ – Напојувајте ја вашата куќа со обновлива енергија

Додека многу земји инвестираат во развој и дистрибуција на обновлива енергија за своите граѓани, веројатно е дека вашата куќа сè уште се напојува од извори на енергија со висока содржина на јаглерод како фосилни горива или јаглен. Поставување на турбини кои ќе ја акумулираат еолската енергија (енергијата од ветрот) е едно од можните зелени решенија. Исто така, треба да се размислува во правец на поставување на фотоволтаични панели со кои целосно би ја напојувале вашата куќа со обновлива, чиста енергија!

  1. ДОМУВАЊЕ – Компостирајте, компостирајте, компостирајте!

Дали знаевте дека депониите се главен придонесувач на метан во нашата атмосфера и дека метанот има 80 пати поголем потенцијал за глобално затоплување од јаглерод диоксидот? Оттука, компостирањето не само што ги намалува емисиите на метан со спречување на биоразградливите материјали да влезат во депониите, туку добиениот компост може да се користи и за да се наѓубри вашата градина и да се одржат здрави вашите собни растенија.

  1. ПОТРОШУВАЧКИ НАВИКИ – Посетете ги локалните зелени пазари

Голем дел од производите што ги купувате во вашиот омилен супермаркет се увезуваат од други земји. Ова значи дека доматот кој штотуку го изедовте или руколата во вашата салата најверојатно се увезени од друга држава, а со самото тоа имаат повисок јаглероден отпечаток. Купувањето на производи од локалните зелени пазари значи дека тие најверојатно потекнуваат од локални фарми кои обично се оддалечени не повеќе од неколку часа. Со тоа, ќе добиете повкусни производи што имаат многу помали импликации врз загадувањето на воздухот.

  1. ПОТРОШУВАЧКИ НАВИКИ – Купувајте одржливо произведени производи колку што е можно повеќе

Без разлика што треба да купите, секогаш постои одржлива опција. Во ЕУ и ширум светот има иницијативи кои предложуваат прехранбените производи да имаат ознаки на кои ќе стои нивото на одржливост на самиот производ како и на пакувањето на производот. Во Македонија сѐ уште нема вакви иницијативи, но, стремејќи се кон ЕУ, несомнено дека во блиска иднина на секој прехранбен производ ќе осамнат ознаки кои ни даваат јасен приказ на влијанието на прехранбените производи врз животната средина.

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.